ИнтернационалциПрва лигаФудбал

(ВИДЕО) Роџерс Мато тргнува по нов предизвик: Од Вардар во шкотскиот Хартс

Сподели
ФОТО: HeartofMidlothianFC
Сподели

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Кассим Мато, ја продолжува својата кариера во Шкотска, откако беше постигнат договор со екипата на Хартс. Интернационалецот од Уганда ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната, по што автоматски ќе стапи на сила долгорочниот договор што го има потпишано со клубот од Единбург.

Првичниот план беше Мато да му се приклучи на Хартс од следната сезона како слободен играч, но поради повредата на еден од клучните напаѓачи во шкотскиот тим, клупското раководство одлучи да реагира веднаш и да го донесе фудбалерот уште во текот на зимскиот преоден рок. По постигнатиот договор меѓу двата клуба, Мато веднаш ќе му биде ставен на располагање на лидерот во шкотската Премиер лига.

Младиот 22-годишен офанзивец остави силен печат во дресот на Вардар со своите настапи во ПМФЛ, а добрата форма ја потврди и на меѓународна сцена, каде настапи на Африканскиот Куп на Нации и успеа да се запише меѓу стрелците.


Вардар со оваа зделка ќе инкасира и финансиски надомест за позајмицата, а клубот официјално ја потврди зделката преку соопштение.

„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека фудбалерот Роџерс Кассим Мато ќе настапува за Хартс (Шкотска) како позајмен играч до крајот на сезоната. Му посакуваме многу успех и среќа во новиот предизвик.“

Со свое официјално обраќање излезе и шкотскиот клуб, посакувајќи му добредојде на Мато.

„Со големо задоволство го објавуваме ангажманот на Роџерс Мато. Тој ни се приклучува како позајмен фудбалер од Вардар до крајот на сезоната, по што во јули ќе започне да важи неговиот тригодишен договор.“

Со овој трансфер се става крај на приказната на Мато во Вардар, а пред него е ново поглавје во кариерата и шанса да се докаже на една од најсилните сцени во европскиот фудбал.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!