Третолигашот Еуромилк од Горно Лисиче договори пријателски натпревар со второлигашот Вардар Неготино, кој ќе послужи како тест за проверка на формата пред пролетните предизвици.
Натпреварот е закажан за во недела (1. февруари) кој ќе се одигра на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“ со почеток од 13 часот.
Претходно, двете екипи одиграа по еден пријателски натпревар. Еуромилк ГЛ во Штип загуби со 2:1 од второлигашот Брегалница, а пак Вардар Неготино претрпе висок пораз во Валандово од третолигашот Победа со резултат од 3:0.
Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ цели кон враќање во Втора лига, а пак Вардар Неготино ќе се бори за опстанок во второлигашкото друштво.