Прва лигаФудбал

Работнички со двојно засилување: Аколатсе и Попзлатанов како адут за вториот дел од сезоната

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички продолжува со интензивна активност во зимскиот преоден рок, јасно ставајќи до знаење дека борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе ја води со значително изменет и засилен ростер.

Нов член на тимот од Дебар Маало е 30-годишниот Шарл Аколатсе, играч од средниот ред со француско потекло и репрезентативно искуство со селекцијата на Того. Роден во Париз, Аколатсе во кариерата има настапувано во повеќе клубови во Франција, Романија и Литванија, а на македонската фудбалска сцена е познат по краткиот ангажман во Силекс во 2019 година. Со Работнички тој потпиша договор на една година и од него се очекува да донесе стабилност и искуство во средниот ред.

Покрај интернационалното засилување, „романтичарите“ го обезбедија и потписот на Јован Попзлатанов, 29-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров. Попзлатанов е играч кој покрива повеќе позиции на десната страна, како бек, но и како крилен напаѓач, што му дава дополнителна тактичка вредност на тимот.


Во својата кариера Попзлатанов настапуваше за Тетекс, Пелистер и Вардар на домашната сцена, а има и интернационално искуство со летонскиот РФС Рига. Со неговото доаѓање, Работнички добива фудбалер со солидно лигашко искуство и познавање на македонските услови.

Аколатсе и Попзлатанов се дел од серијата засилувања со кои Работнички се обидува да го промени впечатокот од првиот дел од сезоната и да обезбеди мирна пролет во елитата.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!