Европско првенство 2026Прва лига

Данска демонстрира сила против Норвешка, Шведска убедлива но без полуфинале

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска со моќна партија ја затвори главната фаза на Европското првенство, откако пред домашната публика во Хернинг убедливо ја совлада Норвешка со 38-24 и од првото место во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Данците уште еднаш покажаа зошто важат за еден од главните фаворити за европското злато.

Иако Норвешка парираше во првото полувреме и на паузата заостануваше со прифатливи 19-16, продолжението мина целосно во знакот на избраниците на Јакобсен. Со агресивна одбрана и брз напад, Данска направи серија со која целосно го скрши отпорот на ривалот и дојде до убедлива двоцифрена победа. Гидсел и Јакобсен беа најефикасни со по седум погодоци, додека голманите Нилсен и Милер имаа значаен придонес со вкупно 14 одбрани. Кај Норвешка, најефикасни беа Педерсен и Грондал.

Со овој триумф Данска ја заврши групата со осум бодови, исто колку и Германија, но поради подобриот меѓусебен скор го освои првото место и закажа полуфинален дуел со Исланд.

Во вториот натпревар, Шведска со убедлив настап ја совлада Швајцарија со 34-21 и со победа ја заврши главната рунда, но триумфот немаше полуфинална тежина. „Трите круни“ лошо го отворија мечот и во првиот дел имаа негатива од четири гола, но финишираа со серија без примен погодок и на паузата заминаа со предност.


Во второто полувреме Швеѓаните целосно доминираа, го кренаа темпото и ја наполнија мрежата на Швајцарија, стигнувајќи и до двоцифрена разлика. Ерик Јохансон беше прв стрелец кај победникот, додека кај Швајцарците се истакна Лени Рубин.

И покрај убедливата победа, Шведска со седум бодови остана зад Исланд поради послаб меѓусебен дуел и ќе мора да се задоволи со борба за петтото место на Европското првенство.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Позитивна оценка за Стојанче Трпчевски за судењето на мечот меѓу Вардар и Брера!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку соопштение објави дека Одборот на судии...

Прва лигаФудбал

Вардар до победа во судиското продолжение, Струга убедлива против Македонија ЃП

Возбудливи натпревари се одиграа во рамки на 23. коло од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Трпчевски главен на арената во Скопје, Ристовски на центарот во Тетово, Ѓоргиев ќе им суди на Башкими и Работнички

Стартува третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, во три...

Прва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинската комисија на ФФМ

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!