Европско првенство 2026Ракомет

Држава со 400.000 жители ќе се бори за медал на Европското првенство 2026

Сподели
ФОТО: HSÍ - Handknattleikssamband Íslands
Сподели

Ракометната репрезентација на Исланд повторно е меѓу најдобрите четири селекции на континентот. Со сигурната победа над Словенија од 39:31 во последното коло од главната фаза, Исланѓаните обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство и по пауза од цели 16 години повторно ќе се борат за медал.

Селекцијата од островската држава со нешто помалку од 400.000 жители уште еднаш покажа дека бројките не се пресудни во врвниот ракомет. Исланд пред 16 години го освои бронзениот медал на Европското првенство од 2010 годна во Австрија, па сега „рибарите“ ќе имаат нова можност за медал после толку години.

Во историјата на Европските шампионати, Исланд има и четврто место од 2002 година, додека настапот на шампионатот од 2010 година останува најуспешен со освоениот бронзен медал. Новата шанса за голем резултат доаѓа во полуфиналето, каде Исланѓаните ќе се соочат со домаќинот и еден од главните фаворити за титулата – Данска.

Во второто полуфинале ќе се сретнат селекциите на Германија и Хрватска, а Исланд ќе има можност повторно да испише историја и да се избори за финале или најмалку за ново европско одличје.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!