ИнтернационалциФудбал

Иван Николов ја продолжува кариерата во Босна и Херцеговина

Сподели
ФОТО: ФК Радник Бијелина
Сподели

23-годишниот македонски фудбалер Иван Николов ќе ја продолжи својата кариера во Босна и Херцеговина, откако официјално стана нов член на Радник Бијелина.

Николов во новата средина пристигнува како слободен играч, по истекот на договорот со данскиот клуб Сондерјиске, каде што настапуваше во изминатиот период и стекна меѓународно искуство.

Фудбалерот кој игра на позицијата среден ред зад себе има богата клупска кариера, откако настапуваше за Брегалница, Вардар и Брера, а потоа направи интернационален чекор во Данска, каде беше дел и од Сондерјиске и Вендсисел.

Николов е добро познат и на репрезентативен план, бидејќи има 22 настапи за селекцијата на Македонија до 21 година, а зад своето име запиша и настап за сениорската А репрезентација.

Од Радник Бијелина очекуваат тој брзо да се вклопи и да донесе стабилност, енергија и квалитет во средниот ред, со што ќе биде значајно засилување во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!