Втора лигаФудбалЧетврта лига

Средба на Почивалец со Илиев – Ромата за фудбалот во Радовиш и активностите на ОФС Струмица

Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Радовиш, Љупче Почивалец, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, дел од ФФМ, Илија Илиев – Ромата.

На средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката во рамките на Општинската фудбалска лига, тековната поддршка што општината ја обезбедува за фудбалските активности, како и плановите и активностите на второлигашот Детонит Плачковица и ФК Слога од Злеово.

Токму Слога е единствениот клуб од радовишкиот регион што настапува во Општинската фудбалска лига Струмица.

“Остварена средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица Илија Илиев – Ромата. Во пријатна атмосфера се разговараше за активностите во ОФС Струмица. За плановите на ФК Детонит Плачковица и за плановите на ФК Слога од Злеово која се натпреварува во Општинската лига Струмица”

По подолг временски период, Општинската фудбалска лига во Струмица повторно е активна, а со нејзиното реактивирање се врати и ФК Слога од Злеово на фудбалската сцена.

Овој чекор претставува значаен импулс за развојот на локалниот фудбал, а Спортска Мрежа неодамна реализираше и специјална емисија посветена токму на оваа тема.

На средбата присуствуваше и членот на Управниот одбор на ФФМ, Станко Манчевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!