ИнтернационалциФудбал

Македонската репрезентативка Симона Меијер ново засилување на Виљареал

Сподели
ФОТО: Villarreal CF Femenino
Сподели

Женскиот фудбалски тим на Виљареал доби значајно засилување за продолжението од сезоната, откако клубот постигна договор со младата и перспективна фудбалерка Симона Меијер. Родена во Холандија, а израсната во Македонија, пристигнува од израелскиот Макаби Хадера, клуб кој е дел од проектот Villarreal Academy и се натпреварува во најсилната израелска лига.

20-годишната Меијер е фудбалерка со изразен офанзивен потенцијал, која може да одговори на повеќе позиции. Таа најчесто настапува како лев бек или како крилна напаѓачка, а се издвојува по добрата визија во играта, техничката поткованост и квалитетните центаршутеви.

Дополнително, според искуството од настапите во Македонија, може да игра и во средниот ред.

Во својата досегашна кариера, Меијер ги носеше дресовите на ЖФК ЏИ-ЏИ Скопје кој е нејзин матичен клуб, а каде работеше со нејзиниот прв тренер Снежана Трпевска, потоа беше дел од ЖФК Кул и ЖФК Истатов, по што следеше интернационален чекор со трансфер во израелскиот Макаби Хадера. Кратко време беше дел и од исландскиот Кефлавик ИФ, со што стекна драгоцено меѓународно искуство на рана возраст.

Иако има и холандски пасош, Симона Меијер ја избра Македонија на репрезентативен план. Таа настапуваше за младинските селекции до 15, 17 и 19 години, а во 2023 година го забележа и своето деби за сениорската репрезентација на Македонија.


Со нејзиниот ангажман, Виљареал добива млада, но веќе докажана фудбалерка со интернационално искуство, која треба да донесе дополнителна енергија и квалитет во тимот во вториот дел од сезоната.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!