Кошарка

Шампионот МЗТ сигурен против Маџари, Пелистер ја доби драмата со Работнички

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига донесе возбудлива вечер со две комплетирани средби и еден прекинат натпревар од 12. коло.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром рутински ги одработи „домашните задачи“ на гостувањето кај Маџари, славејќи со 87:76. Иако домашните ја добија првата четвртина (24:22), „металците“ целосно ја презедоа контролата во втората, кога со цврста одбрана дозволија само 11 поени. На полувреме МЗТ имаше солидни 47:35, а до крајот без поголеми проблеми ја зачува предноста. Марин Петков одигра одличен меч со 26 поени, шест скока и пет асистенции, додека поддршка доби од Меккејден (13), Танасковиќ (11), Стојановски и Гил (по 10). Кај Маџари се истакна Амар Хот со 15 поени и 14 скока.

Во Битола, Пелистер и Работнички одиграа неизвесен и борбен натпревар, во кој „зелено-белите“ стигнаа до победа од 88:85. Домашните имаа постојана, но минимална предност низ целиот меч, а клучниот момент се случи на нешто повеќе од минута до крајот, кога Никола Малешевиќ погоди тројка за 87:83. Дејвис беше најефикасен кај Пелистер со 25 поени, додека Малешевиќ додаде 21. Кај Работнички сите стартери беа двоцифрени, а Лука Петровски се истакна со 19 поени.


Натпреварот меѓу МКК Куманово и Чаир 2030 беше прекинат по помалку од две минути игра, при резултат 2:0 за домашните. Поради лизгава подлога и нерегуларни услови, судиите одлучија средбата да се доигра утре, со преостанати 08:18 минути од првата четвртина.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!