Втора лигаФудбал

Три второлигаши речиси отпишани – следи „пеколна“ битка за опстанок во Втора лига

Сподели
Сподели

Второлигашите ги одработуваат зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната, во кој не очекуваат исклучително интересни борби – и за опстанок, и за пласман во Првата лига.

Веќе е јасно дека дел од екипите ќе водат жестока битка за спас, но постои и група на таканаречени „прежалени“ второлигаши кои се соочуваат со речиси невозможна мисија и многу веројатно ги пакуваат куферите за враќање во Третата лига. Сепак, во пролетниот дел тие би можеле да им создадат проблеми на ривалите кои се борат за опстанок и да влијаат врз конечните математички пресметки.

Речиси без реални шанси за опстанок се екипите на Големо Коњари, Слога Виница и Преспа. Бодовната разлика е преголема за да се очекува некакво чудо, дури и преку баражот.

Големо Коњари е на минус 14 бодови од бараж-зоната и дури на минус 21 од местата кои носат директен опстанок, што го прави експресното враќање во Третата лига речиси извесно.

Слична е ситуацијата и со Слога Виница, која заостанува десет бодови зад бараж-позицијата (12. место), односно 17 бодови зад зоната за директен опстанок – негатива која е тешко достижна.

ФОТО: Спортска Мрежа | Слога Виница – Осогово

Преспа од Ресен презимува на 14. позиција со девет бодови, осум помалку од бараж-зоната и дури 15 помалку од осмото место, кое обезбедува сигурен опстанок.

Заедничко за овие три екипи е тоа што се нови второлигаши и многу е веројатно дека нивниот настап во Втора лига ќе биде само епизоден.

ФОТО: Спортска Мрежа | Преспа – Новаци

Главната битка за опстанок ќе се води меѓу Победа и Вардар Неготино, кои ќе се обидат да стигнат барем до бараж. Прилепчани имаат шест бодови негатива од бараж-зоната и 13 од директниот опстанок, додека тимот од Неготино е со бод подобар во оваа трка.

Во моментов, Тетекс и Каменица Саса со по 17 бодови се наоѓаат во бараж-зоната – седум бодови под линијата за директен опстанок, но и пет бодови над зоната за директно испаѓање во Трета лига.

Оттука, јасно е дека групата на „отпишани“ ја сочинуваат Големо Коњари, Слога Виница и Преспа, додека вистинската трка за спас – директно или преку бараж – ќе ја водат Победа, Вардар Неготино, Тетекс, Каменица Саса и Кожуф. Екипите со подобар пласман, пак, ќе се обидат што побрзо да го потврдат опстанокот и да си обезбедат мирна завршница на сезоната.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК Охрид Лихнидос 15 11 3 1 38 10 +28 36
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 11 2 2 25 9 +16 35
3 ФК Брегалница 2008 АД 15 10 3 2 31 9 +22 33
4 ФК Беласица АД 15 10 1 4 33 14 +19 31
5 ФК Скопје АД 15 9 2 4 32 16 +16 29
6 ЗФК Новaци 2005 15 8 3 4 25 11 +14 27
7 ФК Детонит Плачковица 15 7 5 3 21 10 +11 26
8 ГФК Осогово 15 7 3 5 23 13 +10 24
9 ФК Кожуф Гевгелија 15 5 7 3 18 10 +8 22
10 ФК Каменица Саса 15 4 5 6 32 30 +2 17
11 ФК Тетекс 1953 15 5 2 8 26 28 -2 17
12 ГФК Вардар Неготино 15 3 3 9 21 46 -25 12
13 ФК Победа АД 15 3 2 10 12 37 -25 11
14 ФК Преспа 15 3 0 12 16 37 -21 9
15 ФК Слога 1934 15 2 1 12 15 34 -19 7
16 ФК Големо Коњари 15 1 0 14 8 62 -54 3


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!