Фудбалскиот клуб Работнички официјално го промовираше Мартин Талаков како нов член на тимот за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за 22-годишен играч од средниот ред, кој со клубот од Дебар Маало потпиша договор на една година.
Талаков пристигнува од редовите на Македонија ЃП, каде во тековната сезона запиша десет првенствени настапи и постигна два погодоци. Претходно, тој беше дел од Брера Струмица и Борец од Велес, а има и интернационално искуство од Словачка, каде настапуваше за Подбрезова, МСК Жилина Б и Похроние.
Во Работнички очекуваат дека новото засилување ќе донесе дополнителна стабилност и енергија во средниот ред, во период кога „романтичарите“ се наоѓаат во тешка ситуација на табелата и ги очекува жестока битка за опстанок во елитата.