Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Силекс се засили со Михаил Димитриевски, крилен фудбалер со 100 прволигашки настапи

Сподели
Сподели

Екипата на Силекс од Кратово продолжува со активностите во зимскиот преоден рок и ангажира уште едно ново име во својот ростер. Нов член на кратовскиот прволигаш е 23-годишниот Михаил Димитриевски, кој пристигнува од редовите на Работнички од Скопје.

Димитриевски е фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции, покривајќи ги крилните места како во нападот, така и во одбраната на двете страни од теренот. Во текот на есенската полусезона настапуваше за Работнички, а со својата поливалентност треба да донесе дополнителни решенија во тимот на Силекс.

Во досегашната кариера има настапувано и за Њу Старс, Локомотива, Пехчево и Брегалница, а зад себе веќе има значајно искуство во домашниот шампионат со вкупно 100 одиграни натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс, кој по есенскиот дел од сезоната се наоѓа на четвртото место на табелата, во моментов се подготвува за продолжението од првенството во Анталија, Турција, каде стручниот штаб ја темпира формата на екипата и ги воигрува новите засилувања пред пролетните предизвици.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!