Втора лигаФудбал

Енис Дервиши ново засилување на Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Шкендија Арачиново официјално го промовираше Енис Дервиши како најново засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната. 28-годишниот фудбалер од денеска е дел од „црвено-црната“ фамилија и треба да донесе дополнителна стабилност во одбранбената линија.

Дервиши настапува на позицијата десен бек, а се одликува со сигурност во дефанзивата, брзина и солидно искуство. Во Арачиново пристигнува од редовите на второлигашот Тетекс, каде што настапуваше во есенскиот дел од шампионатот.

Во својата кариера, новиот фудбалер на Шкендија има настапувано и за екипите на Гостивар, Воска Спорт и Работнички, а токму во Шкендија ги направи и првите фудбалски чекори, што овој трансфер му дава и посебна симболика.

Со ангажманот на Дервиши, раководството на клубот продолжува со јасна стратегија за засилување на тимот со проверени и квалитетни фудбалери, со цел исполнување на амбициите во продолжението од сезоната.


Шкендија Арачиново ја поминува зимската пауза на втората позиција на табелата во Втората лига со 35 освоени бодови, само еден помалку од лидерот Охрид. Пролетниот дел од шампионатот тимот ќе го започне на домашен терен против екипата на Преспа од Ресен, каде ќе се обиде веднаш да ја потврди добрата форма и високите амбиции.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!