Викендот започнува пролетниот дел во Втората женска кошаркарска лига со натпреварите од 9. коло.
Колото се отвара во Штип со натпреварот меѓу Тим Арена и Охрид, кој е закажан за сабота со почеток од 12:30 часот во „Јордан Мијалков“. Вториот меч се игра истиот ден од 17 часот меѓу лидерот Гевгелија и Шкупи кој се игра во „26 април“ во Гевгелија.
Колото ќе се комплетира дури на 28 јануари со мечот меѓу Струга и Гостивар, со почеток од 12 часот во СЦ „Тими“. Во рамки на првото пролетно коло слободна ќе биде екипата на Риниа.