Кошарка

Конкурс за ангажирање на членови на стручен тим за работа со учениците во спортските паралелки за кошарка во ДСУ Спортска Академија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Конкурс за ангажирање на членови на стручен тим за работа со учениците во спортските паралелки за кошарка во ДСУ Спортска Академија за учебна 2025/26 и учебна 2026/27 година.

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија распишува конкурс за ангажирање на стручни лица за работа во спортските паралелки (кошарка) во Спортската Академија, за наставна програма за учебна година 2025/2026 и за учебна година 2026/2027.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите критериуми од Законот за Спортска Академија и посебните критериуми од Правилникот за посебните критериуми за тренер на ученици во Спортска Академија и тоа:

  • Факултет за физичко образование спорт и здравје – Дипломиран тренер по кошарка или Дипломиран професор по ФЗО (предност имаат кандидати Дипломирани тренери по кошарка),
  • Лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ФИБА),
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • Да има тренерска лиценца издадена од МКФ, и доказ за платена лиценца и членарина во Здружението на кошаркарски тренери за тековната 2025/2026 сезона (предност имаат кандидати кои не се главни тренери на екипи од Суперлигата);
  • Да има освоено титули во првенства и натпреварувања признати од Меѓународната кошаркарска федерација,
  • Да работел со сениорска или младинска репрезентација на минимум едно натпреварување во рамките на Меѓународната кошаркарска федерација, -Да има најмалку седум години работно искуство како тренер во Република Северна Македонија или во странство, во кошаркарска лига призната од Меѓународната кошаркарска федерација,
  • Да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаење и вештини,

Предност при избор за тренер имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А2 ниво на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТнајмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТнајмалку10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат.

Покрај потребните документи, секој од кандидатите треба да достави и програма за работа и план за натпреварување за соодветната селекција за која се пријавува како стручно лице. Исто така секој од кандидатите на апликацијата да наведе за кој град аплицира.

Kaндидатите се пријавуваат за работа во ДСУ Спортска Академија од:

  • Скопје (8 тренери, 2 физиотерапевти),
  • Кавадарци (2 тренери)
  • Куманово (3 тренери, 1 физиотерапевт)

Кандидатите за физиотерапевти треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да има завршено најмалку више образование за физиотерапевти,
  • Да има минимум 2 години работен стаж во спортска екипа, или во Национална репрезентација,
  • Да не е осудуван,
  • Да познава најмалку еден светски јазик.

Изборот на кандидатите ќе го изврши Управниот Одбор на КФСМ, на предлог на назначената 3 (три) члена Комисија. Освен директно вклучување во работата во проектот, кандидатите ќе бидат задолжително ангажирани и во следење и селектирање на кошаркари и кошаркарки во соодветните генерации за потребите на младинските национални селекции, а исто така ќе бидат директно вклучени како тренери или членови на стручен штаб во соодветните национални селекции во текот на сите собири, подготовки и натпреварувања на младинските државни репрезентации.

Заинтересираните кандидати потребната документација, заедно со пријава за конкурс и лично резиме (CV) треба да ја достават во канцеларијата на КФСМ, најдоцна до 28.01.2026 година до 16:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!