Трета лигаФудбал

Третолигашот Победа Валандово договори меѓународен контролен натпревар!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Третолигашот Победа Валандово ќе има квалитетни подготовки за предизвиците кои ќе следуваат пред клубот во пролетниот дел од Трета лига – Исток кон остварување на целта – влез во Втора лига.

Како што веќе објави Спортска Мрежа познат е распоредот за одигрување на пријателски натпревари, но истиот е надополнет со уште три контролни натпревари, а кој еден е меѓународен.

Првиот пријателски натпревар ќе биде во сабота во Валандово против второлигашот Вардар Неготино кој е закажан за во 14 часот. Потоа како што веќе објави Спортска Мрежа на 29 јануари ќе следува тестот со Детонит Плачковица, на 31 јануари против штипска Брегалница, на 7 февруари со Кожуф, на 15 февруари со Слога Виница.

За 22 февруари Победа Валандово закажа меѓународен контролен натпревар против Слобода Ужице од Србија, а „генералката“ ќе биде со Еуромилк од Горно Лисиче.


Од сите третолигаши Победа Валандово прва започна со зимските подготовки на 12 јануари, а клубот кој е непоразен лидер во Трета лига – Исток, цели кон шампионска титула и бараж за Втора лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!