Прва лигаФудбал

Вардар и Срѓан Захариевски спогодбено се разделија, клубот го добива четвртиот тренер сезонава!

Сподели
Сподели

Вардар синоќа го загуби македонското „ел класико“ во Битола, откако беше поразен од Пелистер со минимални 1:0 со што ја продлабочи резултатската криза, а со тоа Вардар останува „закован“ на дното со само осум бодови на своето конто.

Веќе утро клубот и тренерот Срѓан Захариевски спогодбено се разделија, па со тоа Вардар ќе го добие дури четвртиот тренер по само 13 кола во Првата лига.

„АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени“, стои во соопштението на Вардар објавено на социјалната мрежа „Х“.

Вардар по 13 кола има само две победи, две ремија и дури девет порази, а во следното коло кое се игра в сабота го очекува дерби меч против Шкупи во скопската пресметка.

Вардар сезоната ја започна со Горазд Михаилов, па дојде Горан Петрески, но не се задржа долго, пристигна Срѓан Захариевски, а по него Вардар ќе добие нов тренер.

Повеќе од јасно е дека во Вардар ќе треба поголем ремонт со цел тимот во пролетниот дел да биде многу стабилен и резултатски да се подобри значително, во секој друг случај ќе има жилава борба за опстанок во Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!