ИнтернационалциФудбал

Нов романски предизвик за Томе Китановски

Сподели
ФОТО: FC Muscelul Câmpulung
Сподели

Македонскиот интернационалец Томе Китановски ја продолжува својата фудбалска кариера во Романија, откако потпиша договор со екипата на Мусцелул Кампулиунг. За 33-годишниот дефанзивец ова претставува уште еден странски ангажман во богата и разновидна кариера.

Китановски во новиот клуб пристигнува од Австрија, каде настапуваше за ФАВ АЦ, а претходно беше дел и од австрискиот ФК Мауерверк. Зад себе има сериозно меѓународно искуство, со настапи во повеќе европски шампионати.

Фудбалските почетоци ги направи во Пелистер, по што играше за неколку македонски клубови – Македонија ЃП, Струга Трим Лум, Шкупи и Воска Спорт. Во странство настапуваше за Университатеа Крајова во Романија, како и за српските Младост, Слобода Ужице и Вождовац. Во Хрватска го носеше дресот на Истра и Славен Белупо, во Албанија настапуваше за Кукеси, додека во Азербејџан беше дел од ФК Сабаил.

По новиот трансфер, Китановски ќе се обиде со своето искуство да даде значаен придонес во одбраната на романскиот тим.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!