ИнтернационалциМладински фудбалФудбал

ФОТО: Успешно реализиран 18. RB голмански камп во Дојран

Сподели
Сподели

Во периодот од 9 до 14 јануари, во Дојран успешно се одржа 18. издание на RB голманскиот камп, кој повторно собра млади и талентирани голмани од регионот. Учесниците беа сместени во хотелот „Истатов“, додека тренажниот процес се реализираше на терен со природна трева, во спортска сала и во теретана, со одлични услови за работа.

Вкупно 13 голмани, меѓу кои и четири голманки, беа дел од кампот, а тие пристигнаа од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во текот на кампот беа одржани осум тренинзи во траење од по 90 минути, а учесниците беа поделени во три групи.

Со секоја група работеа тренерите Бранислав Радојчиќ, Саше Аксентиевски и Максим Краљевски, кои преку индивидуален и групен пристап работеа на унапредување на голманските вештини. Временските услови главно беа поволни, па само еден тренинг, поради силен ветер, беше реализиран во сала.

Покрај тренинзите, секојдневно се одржуваа и анализи на сработеното, додека слободното време учесниците го користеа за дружење, друштвени игри и следење спортски натпревари на телевизија.


Организаторите веќе најавија дека RB голманскиот камп ќе се одржи и следната зима, на истата локација и во истиот термин, со уште поголем број тренери и учесници. Пред тоа, во план е и летен камп во Колашин, кој ќе се одржи од 30 јуни до 6 јули.

Пријавувањето за следните кампови веќе е отворено, а заинтересираните можат да се пријават преку Instagram профилот rb_goalkeeper_camp или на телефонскиот број +381 60 06 28 987.


Спортска Мрежа повеќе од шест години е медиумски покровител на овој голмански камп, кој е еден од најдобрите и најуспешните на Балканот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!