Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Скопје во снежни услови ја темпира формата за пролетните предизивци – атак кон освојување на шампионската титула и излез во Европа.
Снегот не е пречка за фудбалерките да работат според планот и програмата на тренерот Илија Мандаров и да ја подигаат и добијат потребната форма за тоа кон кое целат – титула.
Скопје е есенски шампион во ПЖФЛ со два бода повеќе од бранителот на титулата Љуботен кој е втор.