ИнтернационалциФудбалФутсал

Младеновски и Ристовски утре ќе судат натпревар на Европското првенство во футсал

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Утре, со почеток од 16:00 часот, македонските футсал судии Марјан Младеновски и Доне Ристовски ќе ја претставуваат нашата земја на натпревар од групата Б помеѓу репрезентациите на Ерменија и Украина.

Натпреварот е дел од Европското првенство во футсал, кое се одржува во три држави – Литванија, Летонија и Словенија.

Судии на утрешниот  натпревар ќе бидат: главен судија Никола Манционе (Италија), втор судија Кјара Перона (Италија), трет судија Доне Ристовски (Македонија), мерач на време Хикмет Кафарли (Азербејџан), четврти судија Марјан Младеновски (Македонија), додека контролор на судењето ќе биде Пери Готје (Белгија).

На ова Европско првенство во футсал ќе судат вкупно 32 судии, кои беа избрани од 42 европски судии што учествуваа на последниот судиски семинар одржан во Словенија. Меѓу нив беа и македонските судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски, кои успешно ги минаа физичките тестови и проверките на познавање на правилата на футсал играта.

Европското првенство во футсал започнува од 21 Јануари и ќе трае до 7 Февруари 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!