ИнтернационалциМладински фудбалФудбал

Македонскиот бисер од Мелбурн: Томас Спасе Трпчевски чекор поблиску до европскиот фудбалски сон

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбал добива уште едно интересно име кое доаѓа од дијаспората. Томас Спасе Трпчевски, 17-годишен напаѓач роден во Мелбурн, веќе подолг период го гради својот пат со јасна цел – европска фудбалска кариера и настап во дресот на Македонија.

Со битолско потекло и силна врска со татковината, Трпчевски уште од најрана возраст влегува во фудбалскиот свет во Австралија. Првите чекори ги прави во Порт Мелбурн, клуб со респектабилно реноме во државата Викторија, а подоцна минува и низ специјализирана фудбалска академија, каде што технички и тактички се надградува.

Враќањето во матичниот клуб означува и пресвртница во неговиот развој. Иако млад, Томас рано почнува да настапува со повозрасни категории, а во текот на изминатата сезона се наметнува како еден од најефикасните фудбалери во младинските конкуренции.

Со двоцифрен број погодоци во У-19 лигата и настапи за У-23 селекцијата, неговото име сè почесто се споменува во австралиските фудбалски кругови.

Наградата за континуираната работа доаѓа и со приклучување кон првиот тим, каде веќе има официјален настап и подолг тренажен период со сениорите.


Паралелно, Трпчевски покажува зрелост и стабилност играјќи во повеќе селекции, што ретко им успева на фудбалери на негова возраст.

Во есенскиот период од сезоната, младиот напаѓач повторно престојуваше во Македонија, каде што одржуваше форма со младинските категории на Пелистер, а доби и можност за краток тренажен престој во Белград, во системот на Црвена ѕвезда. Тоа искуство му донесе дополнителна потврда дека може рамноправно да се носи со фудбалери од реномирани балкански школи.


Во моментот, Трпчевски се наоѓа во важна фаза од својата кариера. До полнолетството, кое го очекува во текот на оваа година, останува фокусиран на развојот во Австралија, со јасен план и внимателно избран пат. Новата сезона во Викторија стартува во февруари 2026, а за него таа ќе биде клучна во обидот да се отвори вратата кон Европа.

Покрај фудбалот, Томас успешно го завршува и средното образование, што уште еднаш покажува дека неговиот пристап е сериозен и долгорочен. Со македонски пасош и силна емоционална врска со Битола и Македонија, тој останува еден од талентите на кои во иднина вреди да им се обрне посебно внимание.


Македонскиот фудбал одамна бара свежа крв и нови приказни. Патот од Мелбурн, преку Битола и Белград, можеби е долг, но за Томас Спасе Трпчевски – сонот веќе не изгледа толку далечен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!