ФудбалФутсал

Трансфер „бомба“ на дебитантот Балкан – промовиран искусниот Таулант Исмаили!

Сподели
Сподели

Мега засилување за дебитантот во Првата футсал лига, Балкан, промовиран искусниот Таулант Исмаили, кој доаѓа од редовите на актуелниот шампион Форца.

Со вакво големо засилување Балкан дефинитивно го подига квалитетот на повисоко ниво, а репрезентативецот на Македонија ќе биде огромно засилување за дебитантот кој цели кон сигурен опстанок во футсал елитата на Македонија, односно опстанокот да биде изборен веќе во следните неколку кола.

35-годишниот играч низ својата кариера има голем број на шампионски титули, како и Куп титули, а беше дел од екипите на Арбен Бајрами, Шкупи, Велес и Железарец.

Како што дознава Спортска Мрежа, Балкан има планови на долгорочна основа, па така тимот покрај засилување со искусниот Таулант Исмаили ќе оди и кон тоа да гради тим за следната сезона со кој ќе се атакува на освојување на шампионската титула и излез во Европа односно Балкан да игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!