Прва лигаФудбал

ФОТО: Реми на Струга ТЛ и пораз на Силекс во контролки во Анталија

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Македонските прволигаши продолжуваат со темпирање на формата на подготовките во Анталија, каде што одигруваат контролни натпревари со интернационални противници.

Екипата на Струга Трим Лум, одигра динамичен и резултатски богат дуел против словачкиот Тренчин, кој заврши без победник – 2:2. Стружани брзо наметнаа ритам и уште во раната фаза поведоа преку Марјан Радески, но во второто полувреме дозволија противникот да направи пресврт. И покрај тоа, македонскиот тим покажа карактер и со погодокот на Христијан Малески во финишот на мечот стигна до заслужено израмнување.

Кратовскиот Силекс, пак, го одигра својот контролен натпревар против узбекистанскиот Бунјодкор, но не успеа да избегне пораз. Средбата заврши со резултат 2:1 во корист на противникот, а единствениот гол за Силекс беше дело на Ади Алиќ.

Подготовките во Турција продолжуваат за неколку македонски екипи, меѓу кои се и Вардар, Тиквеш, Пелистер и Шкендија, кои преку вакви натпревари ќе ја коваат формата за продолжението на сезоната.


Утре битолскиот прволигаш Пелистер ќе одигра пријателски меч во Анталија против српскиот суперлигаш Спартак од Суботица.

Пролетниот дел од сезоната ќе започне на 7 февруари.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!