Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Стојаноски: Имаме одлични услови за работа во Анталија, утре шанса ќе добијат сите!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Пелистер утре ќе одигра пријателски меч во Анталија во рамки на зимските подготовки, а битолскиот прволигаш за противник ќе го има суперлигашот Спартак Суботица од Србија.

На овој контролен натпревар шефот на стручниот штаб Милан Стојаноски шанса ќе им даде на сите фудбалери, а како што вели во Анталија имаат одлични услови за работа.

„Трет ден сме во Анталија, условите се одлични затоа и дојдовме тука. Работиме двапати дневно, утре имаме контролен натпревар со Суперлигашот Спартак Суботица од Србија. Што се однесува до нашата ситуација, фудбалерите се видно уморни, што е и цел за овој период. Утре сите ќе добијат шанса на натпреварот, ќе комбинираме и секој ќе има шанса, не е во прв план резултатот, секако дека секој натпревар треба да се одигра што подобро, секако дека треба да се внимава и на резултатот, но тоа не е во прв план. Важно е момците убаво да истрчат и да не дојде до некоја повреда, евидентно тешки им се нозете. Отприлика тоа што го баравме тоа успеавме и да го донесеме, не чекавме долго сега е скромен фудбалскиот пазарот во овој период, играчите се под договор. Тоа што ни се нудеше како можност, ние од тоа избравме неколку играчи на позициите каде имавме потреба. Јас се надевам дека момците ќе се вклопат, за сега добро работат и дека нивниот квалитет ќе ни помогне во остварување на нашите цели“, рече тренерот Милан Стојаноски пред утрешниот контролен меч на Пелистер против Спартак Суботица во Анталија.

Пелистер во пролетниот дел ќе цели кон директен опстанок во Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

,,Поддршката од трибините ни е потребна“ – Тасески со повик за полна сала против Дукла Прага

ГРК Охрид викендов ги започнува европските предизвици со дуелот против Дукла Прага во рамки на осминафиналето од ЕХФ Купот. „Билјанини Извори“ повторно ќе...

Ракомет

Косовски судии во Охрид, азербејџански во Прага

Познати се службените лица за осминафиналните натпревари во ЕХФ Европскиот Куп, каде што свој европски предизвик ќе има и Охрид против Дукла Прага....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Градскиот стадион во Кавадарци доби модерни и современи клупи и боксови, донација од ФФМ

Градскиот стадион во Кавадарци доби модерни и современи клупи и боксови, како...

ИнтернационалциФудбал

Тихомир Костадинов заминува од Сигма, нов играч е на Словачко!

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја напушти Сигма Оломоуц поради недоволната минутажа и...

Втора лигаФудбал

Нема технички услови во Неготино, „генералката“ меѓу Вардар и Брегалница ќе се игра во Штип

Поради немање технички услови за одигрување на натпреварот на стадионот во Неготино,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!