Трета лигаФудбал

Третолигашот Света Троица од Охрид се засили со Никола Угриноски!

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица
Сподели

Третолигашот Света Троица од Охрид го претстави првото зимско засилување – се работи за Никола Угриноски, 24-годишен фудбалер кој всушност е повратник.

Угриноски од февруари 2025 година настапувано за второлигашот Преспа од Ресен, а по една година се раздели со клубот и сега се враќа одново во Света Троица.

Низ својата кариера има настапувано и за Сатеска од Волино, второлигашот Охрид, во период од февруари 2019 до февруари 2021 година беше дел од Њу Старс, а Охриѓанецот настапуваше и за Металург во период од септември 2016 до февруари 2019 година. Првите фудбалски чекори ги прави во Фер Плеј од Охрид.

Есенскиот дел тимот на Света Троица го заврши на седмото место со девет бодови, а во пролетниот дел Охриѓани засилени ќе атакуваат на што повисок пласман. Вториот дел од сезоната во Трета лига – Југозапад ја отвараат против Напредок во Ношпал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!