Второлигашот Тетекс од Тетово договори шест пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната.
Првиот текст популарните „штофари“ ќе го имаат на 24 јануари против тимот на Скопје, четири дена подоцна тест со Охрид, а пак на 31 јануари Тетекс ќе ја проверува формата со Каменица Саса.
Следниот контролен натпревар ќе биде на 5 февруари против прволигашот Тиквеш, а пак за 8 февруари е договорен тест со третолигашот Напредок од Ношпал, а пак „генералката“ е закажана за 14 февруари против Шкендија Арачиново.
Тетекс веќе ги започна зимските подготовки, фокусот е ставен на младите фудбалери, а во следните денови се очекува промоција на нови засилувања. Целта на тимот е опстанок во Втора лига.