Кратово доби целосно реконструирана спортска сала со што значително се подобруваат условите за спортување во овој град, како за тренирање, така и за одигрување на натпревари.
Како што е познато во Кратово функционира клубот во мал фудбал Кратово, кој додека траеше процесот на реконструирана на спортската сала, КМФ Кратово натпреварите од Втората футсал лига ги играше во Пробиштип.
Сега клубот се враќа дома и пред својата верна публика во значително подобри услови ќе се тренира и ќе се играат натпреварите.

На отварањето на реконструирана спортска во Кратово, присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

„Со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово, еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она коешто претставува нивна потреба ние тоа да го реализираме“, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Салата свечено беше пуштена со пријателскиот натпревар меѓу КМФ Кратово и КМФ Осогово од Крива Паланка, а кој заврши со резултт од 1:3 за прволигашот Осогово.
