Втора лигаФудбал

Каменица Саса во понеделник ги започнува подготовките – неколку измени во ростерот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Каменица Саса во понеделник ќе ги започне зимските подготовките за вториот дел од сезоната, а како што дознава Спортска Мрежа првата прозивка ќе биде во понеделник на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

Според нашите информации од тимот има три засилувања – Махир Ајрули кој веќе е нов играч на Шкендија од Арачиново, а заминаа и Милош Спасовски и Глигорче Ефремов, а раководството на клубот од малото рударско гратче води интензивни преговори за ангажман на неколку засилувања.

Како што дознаваме првиот пријателски натпревар ќе биде закажан на 31 јануари против Тетекс, потоа ќе следуваат две контролки со штипска Брегалница и последниот контролен натпревар треба да биде со Слога од Виница за што се чека потврда околу датумот кога да се одигра.

Каменица Саса презимува на десеттото место или во бараж зоната со 17 бодови и има седум помалку од зоната за директен опстанок, а пролетниот дел го отвара со Осогово во дерби на Истокот кое ќе се одигра во Кочани.

Целта на популарните „рудари“ ќе биде да се избори опстанокот во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!