Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Задоволен сум, ги натеравме Данците да играат „седум на шест“ против нас!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по очекуваниот пораз од Данска во Хернинг со резултат од 36:24, зборуваше за самиот натпревар, за играта и за тоа како е задоволен од прикажаното.

„Можам да кажам слободно дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од моите момците како се бореа и како се поставија против една од најдобрите, ако не и најдобрата селекција во свет во последните десет години. Добро ги анализиравме, ги знаевме нивните јаки страни, слаби пробавме да ги најдеме, но ги нема многу. Мислам дека добро го спремивме мечот, меѓутоа вакви случаи им се случуваат и на многу подобри репрезентации од нас. Мора да бидеме задоволни и да извлечеме добри поуки од овој натпревар. Мислам дека заедно со стручниот штаб добро изротиравме, им дадовме шанса на сите 16 играчи затоа што ритамот е пеколен и што посвежи и поздрави да ги дочекаме следните два натпревари со Португалија и Романија. Немаме многу време, имаме само еден ден за одмор, да се рехабилитираме малку, да го спремиме мечот со Португалија и да се покажеме во подобро светло. Данска е Данска и сами видовте дека нивното најсилно оружје е транзицијата, полуконтрата дека за помалку од секунда стигаат и даваат гол, тоа беше јасно и го спремавме, меѓутоа како што кажав и многу подобри и поспремни и поискусни репрезентации од нас не успеале да го сопрат или да го држат тој ритам 60 минути. Лошо го почнавме натпреварот со три до четири технички грешки, тука ни се одлепија. Мислам дека на позициска одбрана, ја натеравме Данска да не напаѓа со седум на шест, тоа е голем плус за нас, еве и за мене како тренер, мислам дека Данска ретко напаѓа така затоа што има врвни напаѓачи. Одбраната беше добро поставена и сум задоволен, иако не сакам многу јавно да зборувам за да не се опуштат нашите момци, треба да бидеме подобри во наредните натпревари. Данска не напаѓаше со „седум на шест“, да напаѓаш една Македонија со „седум на шест“ со сите врвни бекови што ги имаат и на пивотментска позиција, нив им е многу лесно да створат вишок. Сум задоволен, треба да се одмориме, за утре го откажавме тренингот нема да тренираме, момците треба да соберат енергија, да бидат позитивни да се одморат, да ги средат мислите и да настапиме уште поборбено и поквалитетно во недела“, рече селекторот Лазаров.

Селекторот на нашата репрезентација зборуваше и за Митревски и Пешевски, кои поради ситни повреди не беа во состав за денешниот меч.

„Митревски и Пешевски имаа ситни проблеми со повреда и доста разговаравме и размислувавме заедно со нашиот медицински и стручен штаб и со тренерите, исто така и со играчите. Јас се надевам дека за овие два дена ќе успееме да ги рехабилитираме затоа што се потребни и со нив ќе бидеме за неколку проценти подобри појаки, поискусни и подобри. Да беа здрави, сигурно ќе беа во состав, затоа што тие се одлични играчи, имаат добра сезона. Се надевам иако времето не ни е сојузник, се надевам дека во недела ќе бидат во составот, ќе видиме само дали ќе бидат доволно рехабилитирани“, објаснува Лазаров.

Селекторот Кирил Лазаров зборуваше и за следниот натпревар кој го има Македонија против Португалија.

„Португалија играше полуфинале на СП со Данска и со Франција се бореа за подиум. Самите нивни изјави кажуваат дека се дојдени да освојат медал, но и да се борат за златото. Ја имаат таа самодоверба, нивниот клуб Спортинг во последните години две три голини игра добро од Лигата на шампионите, имаат доста играчи од Спортинг од Барселона, доста се воиграни, во зрели години. Португалците се на голема сцена, играчите се на цена, ги бараат најдобрите во светот. Сакам да проработи инаетот и да се бориме, да го дадеме максимумот во овој момент се што имаме од нас, да пробаме да одиграме добар натпревар. Тие се големи фаворити мораме да бидеме реални, но, нашиот менталитет и карактер, на сите нас и на стручен штаб па и на играчи, мислам ќе пробаме да бидеме подобри од денес и да бидеме поконкурентен противник и да размислуваме за позитивен резултат“, истакна селекторот Кирил Лазаров.

Како што рече Лазаров нашите репрезентативци утре ќе одморат, во недела ги очекува мечот со Португалија, а веќе во вторник со Романија.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!