Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со Хадис Таири

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново официјално го претстави своето осмо зимско засилување. Нов член на тимот е Хадис Таири, 20-годишен фудбалер кој пристигнува од редовите на прволигашот Струга Трим Лум.

Таири во Арачиново доаѓа како засилување на левата бековска позиција. Станува збор за млад, но веќе профилиран фудбалер, кој зад себе има настапи и за екипите на Охрид, Велешта, Њу Старс, Јанг Тим и Фламуртари. Од клубот посочуваат дека Таири носи тактичка дисциплина, сигурност во дефанзивната фаза и континуиран придонес по левата страна, што треба да донесе дополнителен баланс и стабилност во играта.

Со ангажманот на Таири, Шкендија Арачиново продолжува со активната зимска селекција во насока на создавање конкурентен и избалансиран состав, подготвен за високите амбиции во пролетниот дел од сезоната. Претходно, клубот веќе се засили со голманот Антонио Столевски, како и со Сухејб Рушити, Иљаз Чиљафи, Махир Ајрули, Владимир Жоглев, Зани Назифи и Махир Ајрули.

Шкендија Арачиново презимува на второто место на табелата во Втората лига со 35 бодови, само еден помалку од лидерот Охрид. Тимот од Арачиново, предводен од тренерот Љупчо Марковски – Калц, во пролетниот дел јасно ќе атакува на пласман во Првата лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!