Втора лигаФудбал

Тетекс ги започна подготовките: фокус на млади фудбалери и борба за опстанок во Втората лига

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

ФК Тетекс официјално ги започна подготовките за претстојниот пролетен дел од сезоната со одржување на првата прозивка. Со тоа, тимот од Тетово влезе во работен ритам, а клупската управа паралелно работи на комплетирање и засилување на ростерот за продолжението на првенството.

Во изминатиот период дел од досегашните фудбалери го напуштија клубот, додека раководството активно преговара со нови имиња кои треба да донесат свежина, квалитет и поголема конкуренција во тимот. Посебен акцент оваа сезона е ставен на младите играчи – фудбалери со желба, амбиција и мотив да се докажат и да добијат шанса во првиот тим, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на Тетекс во развојот на млади таленти.

Во рамки на подготовките веќе се договорени и неколку пријателски натпревари, кои ќе послужат како проверка на моменталната форма и како можност за воигрување на екипата пред стартот на пролетниот дел. Од клубот кој го води Марјан Билбиловски најавуваат дека јавноста навремено и транспарентно ќе биде информирана за сите нови засилувања и останати новитети поврзани со подготовките.


Тетекс направи експресен кам-бек во Втората лига, откако по само една сезона мината во Третата лига – Запад повторно се врати во второлигашката конкуренција. Есенскиот дел „штофарите“ го завршија на 11-тото место со 17 бодови, позиција која носи бараж, со ист број бодови како и десеттопласираната Саса.

Во пролетниот дел тетовскиот тим го очекува тешка борба за опстанок, а првиот предизвик ќе биде дуелот против Вардар Неготино, кој Тетекс ќе го одигра на домашен терен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!