Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Вардар со три млади засилувања од Битола – Талевска, Марковска и Милевска во црвено-црното семејство

Сподели
Сподели

ЖФК Вардар продолжува со јасна стратегија за градење конкурентен тим за иднината, откако во пресрет на пролетниот дел од сезоната ангажира три млади и перспективни фудбалерки. Нови членки на црвено-црното семејство се голманката Натали Талевска, играчот од среден ред Михаела Марковска и офанзивката Ивана Милевска.

Најискусна меѓу нив е 20-годишната Натали Талевска, која пристигнува од ЖФК Топ Гол од Битола. Таа своите фудбалски почетоци ги направи во 2019 година и важи за сигурен и перспективен голман, препознатлив по брзите реакции и стабилноста меѓу стативите.

Новиот играч за средниот ред на Вардар е 18-годишната Михаела Марковска, која исто така потекнува од школата на Топ Гол, каде започнала со фудбал во 2018 година. Марковска се истакнува како играчка со добра контрола на играта, прецизност и изразена ефикасност, а во Вардар се очекува да биде една од оние кои ќе го диктираат темпото на игра.

Третото засилување е 20-годишната Ивана Милевска, офанзивна фудбалерка со чувство за гол, брзина и креативност во нападот. Таа ги направи првите чекори во фудбалот во 2021 година во редовите на Топ Гол, а во Вардар доаѓа со цел да донесе дополнителна енергија и опасност пред противничкиот гол.


Заедничко за трите фудбалерки е тоа што се родум од Битола и што ЖФК Вардар е нивен прв трансфер и прва промена во досегашната кариера, што дополнително говори за нивниот потенцијал и амбиција за напредок.

ЖФК Вардар е дебитант во Првата женска фудбалска лига и есенскиот дел од сезоната го заврши на осмото место со освоени осум бодови. Со овие три засилувања, клубот јасно најавува дека во пролетниот дел ќе атакува на подобри резултати, градејќи поквалитетен ростер и тим за иднината составен од млади и талентирани фудбалерки.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!