Останато

Краус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во понеделник ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23.годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108.место на ВТА листата.

Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време.

Ѓорческа неколку дена е во Мелбурн каде се прилагодуваше на временските услови, кои во одредени делови од денот достигнуваа и над 40 степени, што секако може да биде пречка за сите учесници на Австралија опен.

Македонската тенисерка по третпат учествува на квалификациите на Австралија опен, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!