ИнтернационалциФудбал

Агим Ибраими има нова улога, назначен е за спортски директор на ФК Партизани

Сподели
ФОТО: FK Partizani
Сподели

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Агим Ибраими е назначен за директор на клубот со најмногу трофеи во Албанија – ФК Партизани.

37-годишниот Ибраими, кој во моментов е член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија и еден од најблиските соработници на претседателот Масар Омерагиќ, добива значајна управувачка улога во еден од најреномираните клубови во Албанија.

Партизани е клуб со богата историја и доминантно место во албанскиот фудбал, а раководството очекува Ибраими со своето искуство, фудбалско знаење и меѓународни контакти да придонесе во понатамошниот развој и стабилност на клубот.

Ибраими зад себе има богата играчка кариера, настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство, како и значаен број настапи за националниот тим, што дополнително ја зголемува довербата во неговата нова функција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!