Ракомет

Нов пораз за Радовиш, Пролет до убедлив триумф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш претпреа нов пораз со што и понатаму остануваат единствениот тим без триумф во Суперлигата, откако вечерва беа поразени на домашен терен од Пролет со резултат од 20:28.

На полувреме резултатот на мечот од 10. коло беше 8:14 за скопскиот тим. Во вториот дел Радовиш се обиде да се наметне и да ја подобри ефикасноста на нападот, а во одбрана да се постави подобро со цел да брка негатива за евентуален пресврт.

Во вториот дел многу шанси радовишани нереализираа, а тоа го казни тимот на Александар Јовиќ, со што Пролет веќе во 40. минута имаше 10:18 односно плус осум.

Шансите кои Радовиш не ги користеше, Пролет ги искористи максимално и одлепи на двојна предност од плус 11 гола за 10:21 во 44. минута.

Во финишот на рутина Пролет само го потврди високиот триумф од конечни 20:28.

Најдобар кај Радовиш беше Здравко Постолов со четири гола, а Славе Јанковски имаше три, а пак кај Пролет најефикасен беше Мохамед Таоуфик Маккар со осум гола, а Томислав Димковски имаше пет гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!