ФудбалФутсал

СЕЕ Университи пресилен со 11 гола: Дебакл на Победа – Мемеди постигна шест гола!

Сподели
ФОТО: Futsal Team Seeu University
Сподели

Вечерва беше отворено 4. коло од Втората футсал лига во тетовска Голема Речица, каде екипата на СЕЕ Университи со 11:0 ја декласираше Победа која доживеа вистински дебакл, иако можеби до некаде истиот и беше очекуван бидејќи Победа допатува со осум играчи, па „тенката“ клупа и малата ротација го направи своето.

Хисен Мемеди со шест постигнати погодоци буквално ја „искина“ мрежата на прилепчани, двоен стрелец беше Гезим Азизи, а по еден гол постигнаа Енсар Синани, Адис Фетаи и Ермал Љиворека.


Победата беше најавена уште на полувреме кога резултатот беше 5:0, а во вториот дел домаќинот како на тренинг само го потврди големиот триумф.

Тетовскиот тим стигна до својата втора сезонска победа и на своето конто има шест бодови и се наоѓа на 4. место. Победа со три бодови е на 5. место, но барем до недела кога ќе биде комплетирано 4. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!