Прва лигаФудбал

Вардар ја продолжи соработката со Димитар Тодоровски до јули 2028 година

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Вардар продолжува да ги задржува играчите во своите редови, откако потпиша договор со Димитар Тодоровски до јули 2028 година.

Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство.

На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година.

Во тековната сезона Тодоровски за најтрофејниот македонски фудбалски клуб настапи на 16 натпревари во македонскиот шампионат забележа еден гол и една асистенција, а притоа на теренот помина 711 минути, додека пак во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА настапи на сите четири натпревари.

Димитар Тодоровски во Вардар пристигна од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички од каде и ја започна својата кариера.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Еве како ќе изгледа ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство!

Македонската машка ракометна репрезентација ја приведе кон крај подготовката за настапот на Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го потврди конечниот список од...

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, откако славеше во големото финале над Пицерија Дивино....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Голманот Борче Картов заминува од Кожуф, кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Голманот Борче Картон зимава ќе менува средина, како што дознава Спортска Мрежа...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум го промовираше голманот Васко Василев

Прволигашот Струга Трим Лум официјално го потврди ангажманот на новото засилување за...

Прва лигаФудбал

Вардар го договори Едиз Спахиу до јуни 2028 година

Вардар ја продолжи соработката со Едиз Спахиу до јуни 2028 година, откако...

Прва лигаФудбал

Арсими на зимски подготовки во Хрватска, целта е сигурен опстанок во елитата

Прволигашот Арсими од денеска се сели во Хрватска, каде што ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!