Давид Велковски си замина од Детонит Плачковица, 25-годишникот реши да ја продолжи кариерата во нова средина.
Радовишкиот второлигаш остана без десниот бек, кој пристигна од редовите на Вардар во февруари 2025 година, а по една година двете страни се разделуваат.
Фудбалерот од Свети Николе покрај за второлигашот Детонит Плачковица и Вардар, настапуваше и за Брегалница, а првите фудбалски чекори ги направи во Овче Поле.
Велковски го потврди заминувањето од радовишкиот тим со кратка покрака: „Фала ви за сè!“
Велковски со Вардар ја освои шампионската титула во сезона 2019/2020.