ИнтернационалциФудбал

Иван Николов и Сондерјиске пријателски се разделија

Сподели
ФОТО: Sønderjyske Fodbold | facebook
Сподели

Поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година, Иван Николов и данскиот суперлигаш Сондерјиске, спогодбено се договорија да ја прекинат соработката.

Од клубот потврдија дека се разделиле со Николов, кој веќе е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Николов две ипол години помина во редовите на данскиот тим, а во пролетниот дел од минатата сезона штипјанецот беше на позајмица во во данскиот второлигаш Вендсисел.

„Сондерјиске и Иван Николов спогодбено го раскинаа договорот, кој требаше да истече на лето. Благодарност за ангажманот во светлосиниот дрес и сè најдобро во понатамошната кариера“, истакнаа од данскиот клуб по пријателската разделба со Николов.

Николов има една шампионска титула од Втората лига на Данска, а 23-годишинкот во својата кариерата настапуваше и за Вардар, Брера Струмица, а потекнува од Брегалница.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!