Втора лигаФудбал

Александар Ѓорѓиески се раздели со Шкендија Арачиново – Охриѓанецот ќе има нов клуб!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Охриѓанецот Александар Ѓорѓиески кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со второлигашот Шкендија Арачиново, клуб за која настапуваше од февруари 2025 година, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

25-годишникот во тимот од Арачиново пристигна од Кожуф, тогаш Шкендија беше третолигаш, стана шампион во Трета лига – Север, постигна и погодок во баражот за влез во Втора лига, но по една година Ѓорѓиески се одлучи за промена.

Низ својата кариера покрај за Шкендија Арачиново и Кожуф од Гевгелија, Ѓорѓиески настапуваше и за радовишки Детонит Плачковица, Воска Спорт, Охрид, Македонија ЃП, велешки Борец, Вардар, Еуромилк ГЛ и Академија Пандев 10 од Охрид.


Шкендија Арачиново презимува на второто место со 35 бодови, еден помалку од есенскиот шампион Охрид кој има 36 бодови, а Ѓорѓиески во следниот период ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!