Македонските судии уживаат доверба кај Европската ракометна федерација, која ги одреди Исмаил Металари и Ненад Николовски да делат правда во дерби натпревар од 9. коло на Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Македонските судии ќе ја делат правдата на мечот меѓу Мец и европскиот првак Ѓер. Ова е дерби од групата на А – Ѓер е лидер со максимални 16 бодови има осум од осум, а пак Мец е втор со 14 бодови и учинок од седум победи и еден пораз и практично ова ќе биде дерби за врвот.
Натпреварот е закажан за 10 јануари, се игра во Мец со почеток од 16 часот.