Одлични вести за љубителите на снегот и зимските спортови – ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно ги отвора вратите и официјално ја стартува новата зимска сезона. По успешното функционирање минатата година, Михајлово и оваа зима ќе биде вистински зимски центар за рекреација и уживање.
Ски-патеката започнува со работа утре од 10:00 часот, а ќе функционира до 19:00 часот, со можност за продолжување и во доцните вечерни часови, во зависност од условите и интересот. Сезоната е подготвена за сите генерации, од рекреативци до вистински љубители на зимските авантури.
Со ова, Михајлово по вторпат по ред се етаблира како атрактивна зимска дестинација, каде што спортот, природата и дружењето се спојуваат во едно уникатно искуство.
„Утрешниот ден е прв ден од сезоната, подготвен за сите љубители на снегот и зимските спортови. Ова е втора зима по ред како Михајлово станува вистински зимски центар за сите генерации, место каде што снегот, радоста и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство. Подгответе ја зимската опрема, повикајте ја дружината и уживајте во вистинската зимска атмосфера“, напиша градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Со нетрпение се очекува новата сезона да донесе уште многу спортски моменти, забава и зимска магија во Михајлово.