Останато

Рекорд што тешко ќе се сруши – Дејан Митров ја заврши репрезентативната кариера со 17 титули

Сподели
Сподели

Македонскиот борач Дејан Митров стави крај на својата богата и успешна репрезентативна кариера на најдостоинствен можен начин – со златен медал на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград, во категоријата до 86 килограми.

Штипјанецот имаше импресивен настап и забележа пет убедливи победи против ривали од регионот и Европа. Митров ги совлада претставниците на Србија (10-0), Црна Гора (9-1) и Босна и Херцеговина (10-0), во полуфиналето беше подобар од хрватскиот репрезентативец со 10-5, а во финалето славеше над борачот од Словачка со 8-5.

Со овој триумф, Митров и официјално ја затвори репрезентативната мисија која траеше повеќе од две децении. Неговото патување во националниот тим започна во 1999 година како член на пионерската селекција на Македонија, а заврши со злато на еден од најреномираните турнири во регионот.

„Во 1999 година првпат настапив за националниот дрес на Македонија како дел од пионерската репрезентација, денес беше мојот последен настап за светиот дрес. Пет победи за златен медал на “ПОБЕДНИК” во Белград. Благодарност до хигиеничарот во салата, спаринг партнерите, управата, тренерите, спонзорите па се до мојата фамилија кои ми беа најголема поддршка“, истакна Дејан Митров.

Митров зад себе остава импозантна кариера и рекорд кој тешко ќе биде надминат – вкупно 17 титули државен првак на Македонија. Првата титула ја освои во 2005 година, а последната, 17-та, ја обезбеди викендов пред домашната публика во Штип, со што ќе биде запишан со златни букви во историјата на македонското борење.


Со овој успех, Митров ги надмина легендарните имиња на македонското борење – Чедо Николовски (13 титули), покојниот Коце Ефремов од Кочани (11 титули) и Шабан Трстена (10 титули).

Во својата богата кариера, Митров има освоено и два бронзени медали од Европски првенства, два бронзени од Медитерански игри, осум пати бил победник на турнирот „Македонски бисер“, има освоено четири медали на турнирот „Дан Колов“, бил трет на квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012, како и седмо место на Светско првенство. Повеќепати беше прогласуван и за спортист на Штип во сите категории.

Иако на 38-годишна возраст ја завршува репрезентативната кариера, Дејан Митров не се повлекува од борењето. Тој ќе продолжи да настапува за својот матичен клуб Балканец од Штип во домашните натпреварувања, а ќе биде вклучен и како тренер, пренесувајќи го своето огромно искуство на младите генерации.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!