Останато

Штип УГД на тешко гостување во Милано за историски европски настап

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Последниот македонски претставник на европската сцена во сезоната 2025/2026, вице-шампионот Штип УГД, утре попладне од 17:30 часот во салата „Центро Павеси“ во Милано ќе го одигра реванш-натпреварот против Алијанц Милано, во рамките на 1/16 финалето од Челинџ купот.

Штипскиот состав на првиот дуел во Радовиш, одигран пред нешто помалку од еден месец, беше поразен во три сета од фаворизираниот италијански тим. На гостувањето во Милано, македонскиот претставник ќе настапи без главниот тренер Кристијан Ристески, кој поради здравствени причини нема да биде на клупата.

„Со пласманот во 1/16 финалето испишавме клупска историја. Свесни сме дека Алијанц Милано е фаворит, што го покажа и на првиот натпревар, но во реваншот ќе се обидеме да пружиме што е можно поквалитетен отпор и да одиграме на највисоко ниво. Не сме оптоварени со резултатот“, истакна Ристески во пресрет на дуелот.

Во своето дебитантско европско учество, Штип УГД до главната фаза од Челинџ купот стигна откако по драматичен „златен сет“ го елиминираше норвешкиот Кол Ил.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!