Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Пешевски: Жолтиот куп е идеална проверка за да ги исправиме слабостите пред ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската репрезентација денеска пристигна во Винтертур каде нашата репрезентација ќе ги има последните подготовки пред учеството на Европското првенство, а ќе се соочиме со Бахреин, Украина и Швајцарија.

Репрезентативецот на Македонија кој го носи дресот на актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер, истакна дека имаат почит за сите ривали, вели дека натпреварите на „Жолти куп“ ќе бидат одлични за проверката пред настапот на Европското првенство.

„После секое вакво тешко патување можам да кажам кратко е времето за одмор, но максимално се подготвивме на овој тренинг и го дадовме максимумот. Се надевам дека ги исполнивме барањето на селекторот. Овој турнир е составен од репрезентации кои ги респектираме многу и кои ќе ни дојдат многу добро за да се подготвиме за Европското првенство. Бахреин е репрезентацијата за почит, но ние си имаме свои планови за во иднина, па така резултатот не е важен, фокусот е нашата игра да се покажеме во одлично издание и да ги намалиме сите тие недостатоци што сме ги имале во минатото и да бидеме подобри во иднина“, рече Пешевски пред утрешниот меч на Македонија со репрезентацијата на Бахреин.

Македонија утре на „Жолтиот куп“ ќе игра со Бахреин, веќе во петок ќе играме со Украина, а пак во сабота ќе играме со Швајцарија, по што нашата репрезентација заминува за Хернинг.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!