Останато

„Езерски Пулс“ со нова голема еко-акција – „Нов живот за езерото“ на Охридското Езеро

Сподели
ФОТО: Клуб за подводни активности „Езерски Пулс“ Струга
Сподели

Клубот за подводни активности „Езерски Пулс“ ја најави четвртата по ред еко-акција за чистење на Охридското Езеро, која ќе се одржи на 30 и 31 мај 2026 година, на потегот Струга – Охрид. Под мотото „Нов живот за езерото“, оваа дводневна иницијатива повторно ги обединува љубителите на спортот, природата и екологијата со една заедничка цел – заштита на едно од најголемите природни богатства во регионот.

Акцијата ќе опфати темелно чистење на подводниот, но и на крајбрежниот дел од езерото, при што главна улога ќе имаат нуркачите и спортските ентузијасти од клубот, заедно со волонтери од целата земја. Покрај директното отстранување на отпадот, настанот има и силна едукативна димензија, насочена кон подигање на еколошката свест и поттикнување одговорно однесување кон животната средина.

Од „Езерски Пулс“ упатуваат отворен повик до сите заинтересирани страни да се вклучат во акцијата – нуркачи и учесници кои сакаат активно да придонесат, волонтери за помош на копно и во логистиката, како и спонзори и општествено одговорни компании кои преку својата поддршка ќе дадат конкретен придонес за зачувување на Охридското Езеро. Добредојдени се и сите поддржувачи и пријатели на езерото, за кои оваа иницијатива претставува можност да бидат дел од позитивна промена.


Организаторите потенцираат дека секој придонес е важен – без разлика дали станува збор за директно учество во акцијата, финансиска или материјална поддршка, донација или едноставно споделување на пораката за заштита на езерото.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации преку inbox/DM, како и на електронската адреса ezerskipuls2025@gmail.com

Со оваа еко-акција, „Езерски Пулс“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон спортот, екологијата и зачувувањето на Охридското Езеро за идните генерации.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!