РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Селекцијата има постојан напредок, играчите подготвени за новите предизвици

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 15 години беше последната која имаше обврски во оваа година.

Избраниците на селекторот Горан Станковски во изминативе денови имаше две силни контроли против репрезентацијата на Турција и во двете соочувања нашите фудбалски надежи имаа половичен успех.

Во првиот натпревар избраниците на Станковски забележаа победа од 3:2 додека во вториот гостите славеа со 1:0.

“Задоволен сум од прикажаното на двете средби и тоа пред се поради фактот што имавме исклучително квалитетен противник. Во репрезентацијата на Турција имаше дури седум фудбалери кои настапуваат за клубови кои се дел од Бундеслигата додека во нашиот состав имаше само еден интернационалец. Сакам да им честитам на играчите и сметам дека бевме достоинствен противник на една силна селекција како што е Турција”, истакна Станковски.

Во текот на 2025 година имавте многу активности, одигран е голем број на контролни натпревари што е од големо значење во профилирањето на составот кој во блиска иднина треба да се вклучи во натпреварувачкиот систем на УЕФА.

“Јасно е дека сите мечеви се од исклучителна важност. Секој од нив преку овие натпревари стекна огромно искуство и она што најмногу ме радува е фактот дека оваа генерација постојано напредува, а тоа беше посебно видливо на овие две средби со Турција”, продолжи предводникот на националниот тим до 15 години.

Оваа генерација има уште дванаесет месеци пред да влезе во системот на квалификации кога за неа почнуваат вистинските предизвици. Има доволно време да се стекне дополнително искуство и мирно да се влезе во натпреварувачки систем. Кави се плановите за 2026 година.

“Продолжуваме со активностите, секој ден работиме и заедно сме во текот на работната недела. Токму поради тоа забележлива е воиграноста на екипата и затоа ќе работиме со исто темпо, а се со цел постојано да се крева нивото на квалитет. За следната година веќе имаме договорено неколку контролни натпревари, а сме во преговори за дополнителни мечеви. Примарна цел ни е овој состав да стекне дополнително искуство и што е можно подобро да се подготви за квалификациските настапи”, заврши Станковски.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата нуди четири натпревари, два кај јуниорите и два кај сениорите. Кај...

Турнири

Радовишани вечерва ги „искинаа“ мрежите на „Стојаково 2025“ тотална доминација на Порта ЕУ Фреит Оне

Тимот на Порта ЕУ Фреит Оне вечерва забележа две големи победи една по друга на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“. Радовишани на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Континуирана едукација на тренери носители на УЕФА тренерска лиценца

Центарот за едукација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 22 и...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за мундијалските претквалификации

Македонската футсал репрезентација патот кон завршницата на Светскиот шампионат што ќе се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!