Прва лигаФудбал

Османи: Oваа полусезона беше разочарувачка и тешка, Шкупи и нашите навивачи не ја заслужуваат оваа ситуација

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Шкупи доживува една од најтешките сезони во елитниот домашен фудбал. Тимот од Чаир е закован на последното место на табелата со само еден освоен бод по 16 одиграни кола во првата лига.

„За нас како клуб, оваа полусезона беше разочарувачка и тешка. ФК Шкупи и нашите навивачи  не ја заслужуваат оваа ситуација. Сепак, се надеваме дека ќе започнеме со нова енергија и поголема сила за да ги вратиме резултатите и гордоста што овој клуб ги заслужува“, изјави на почетокот Минaс Османи, актуелниот тренер на Шкупи.

Тренерот Османи верува дека Шкупи ќе реагира на јануарскиот трансфер пазар и ќе донесе квалитетни фудбалери за да излезе од опасната зона.

„Максимално сме фокусирани прво да го отвориме преодниот рок. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме неколку квалитетни играчи кои ќе го засилат тимот во оние делови каде што ни е најпотребно. Што се однесува до играчите кои веќе ги имаме во тимот, ќе имаме индивидуални разговори со секој од нив и заедно ќе ги процениме понатамошните чекори“.

Минaс Османи нагласува дека главната цел на Шкупи е опстанок во елитниот домашен фудбал.

„Нашата цел е Шкупи да влезе во вториот дел од сезоната што е можно покомплетен и поконкурентен“, заклучи тренерот Минaс Османи.

Првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната, Шкупи ќе го игра на гости, на 15 февруари 2026 година, на теренот на Македонија Ѓ.П.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни натпревари, кои ќе понудат неизвесности и многу погодоци. Во продолжение комплетната...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако пукна „петарда“ славејќи со 5:0 над...

Поврзани написи
Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Мирна глава, сигурни раце – дојдов во средина што знае што сака“ – Антонио Столевски

Еден од најперспективните млади македонски голмани, Антонио Столевски, ја започнува новата страница...

Прва лигаФудбал

Божиновски: Со оглед на условите во последните кола, задоволен сум од прикажаното

Тимот на Македонија ЃП со високи амбиции ја стартуваше оваа сезона во...

Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!