ФудбалФутсал

Лидерот Проект со 18:0 го доби Осогово, кој во Гевгелија пристигна без ниту една опција на клупата!

Сподели
ФОТО: КМФ Осогово
Сподели

Непоразениот лидер Проект приреди вистинска футсал-лекција и без милост го декласираше Осогово од Крива Паланка со неверојатни 18:0, во рамки на 8. коло од Првата футсал лига.

Резултатот делува шокантно, но развојот на натпреварот уште пред почетокот ја навести судбината на гостите. Осогово во Гевгелија пристигна со само пет играчи, без ниту една опција на клупата, што во ваков ритам и квалитет беше јасна најава за тешка вечер.

Проект од самиот старт воспостави апсолутна контрола, диктираше темпо и ја казнуваше секоја слабост на противникот. Во првото полувреме паднаа девет гола, а идентичен епилог имаше и вториот дел. Во просек, Осогово примаше гол на секои две минути и 13 секунди, податок кој најдобро ја отсликува целосната доминација на домаќинот.

  • ЗАПИСНИКОТ ОД НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ПРОЕКТ И ОСОГОВО:

Најрасположен беше Ѓорги Коцевски со пет погодоци, додека Кристијан Гавровски додаде четири. Во офанзивната рапсодија се вклучија и Горан Стојанов, Никола Анчевски и Наум Блажевски, кои по двапати ја тресеа мрежата, а листата на стрелци ја комплетираа Трајче Димитриев, Марио Благојевски и Адријан Трајков. Речиси целиот ростер на Проект се запиша меѓу стрелците.


Со оваа победа, Проект останува цврсто на врвот со 24 бодови, три повеќе од актуелниот шампион Форца, кој е втор со 21 бод. Осогово, пак, привремено е на осмата позиција, а конечниот пласман по ова коло ќе биде познат по комплетирањето на рундата.

Во следното коло, Проект го очекува гостување кај Бутел, додека Осогово на домашен терен ќе се обиде да се рехабилитира против екипата на Клими од Кавадарци.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!